Путин: Русија ги прошири капацитетите на нуклеарната команда и контрола

Од:

Русија значително ги прошири аналитичките и оперативните капацитети на стратешките нуклеарни сили и контролниот систем, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со претставници на одбранбената индустрија.

– Многу е направено во изминатите неколку години со цел Командата на стратешките нуклеарни сили и контролата на компонентите да се одржат на највисоко ниво, рече Путин.

Според него, Русија значително ги модернизирала стационарната и модерната команда и контролните центри, ги проширила нивните аналитички и оперативни капацитети, вклучително и обезбедување информации, следење и анализа на ситуацијата.

Тој додаде дека квалитетот на овие главни параметри е зголемен.

– Денес сите команди и контролни центри го поддржуваат приемот на сеопфатни податоци во реално време, обезбедуваат проценка на ситуацијата врз основа на тие информации и донесуваат соодветни одлуки, потенцира рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он