Првата парада на гордоста забранета во Украина

Од:

Судот во Киев денеска забрани одржување на првата Парада на гордоста во Украина, поддржувајќи ги градските власти кои се жалеа дека Парадата би и попречила на годишната прослава на Денот на Киев и би поттикнала насилство.

Минатата година организаторите ја откажаа парадата во последен мометн, бидејќи на локацијата планирана за собирање се појавиле скинхедски со намера да ги нападнат учесниците.

Антипатијата кон припадниците на геј популацијата е се уште силна во Украина и во другите делови на поранешниот Советски сојуз во кој хомосексуалноста беше со закон забранета. Некои веруваат дека кон тоа придонесува и влијанието на православната црква.

Минатата недела Парадата на гордоста е откажана и во Тбилисиј во Грузија пред да започне, бидејќи на местото на нејзиното одржување се собрале повеќе од илјада антигеј активисти.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски