Скопјанец осомничен дека пијан ја силувал сопствената ќерка

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 62-годишен скопјанец, осомничен дека на 9 ноември во неговиот дом, започнал да консумира алкохол, по што се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка.

– Оштетената се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од осомничениот, стои во соопштението од ОЈО.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Лицето се сомничи за сторено кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип