(ВИДЕО) Пејовска: Филипче да обезбеди пензиско и здравствено осугурување за младите специјализанти и да им ги покачи платите за 100%

Од:

„Барањата на приватните специјализанти се уште не се исполнети дури и после месец и половина од нивната средба со министерот за здравство Венко Филипче.

Дали министерот свесно ги фрла во оган младите доктори во Македонија и со тоа го загрозува дополнително и онака кревкиот здравствен систем?

Во време на пандемија додека сите држави низ Европа го наградуваат медицинскиот кадар со зголемување на платите од 100%, ние говориме за елементарни услови за работа и остварување на законски или човекови права“, кажа Марија Пејовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Барањата на специјализантите вклучуваат најпрво да се платат 24 часовни дежурства, а потоа и здравствено осигурување за сите приватни специјализанти, како здравствено, така и пензиско осигурување, субвенции за домување на специјализанти, како и израмнување на коефициентот специјалисти/супспецијалисти во интернистичките и хируршки гранки.

Овие барања беа доставени до министерот на 29 септември 2020 година и нивното исполнување било ветено од страна на министерот.

Зошто, дури и после месец и половина, кога огромен број на млади доктори секојдневно го ставаат својот живот на ризик грижејќи се за болни од КОВИД-19, се уште нема одговор и решение за нивните барања? Зарем младите доктори не заслужуваат да бидат наградени за својот несебичен труд и придонес во справувањето со КОВИД-19?

Го повикуваме министерот да поминува помалку време со ангажман на ПИ-ар папагали, а повеќе време да посвети на млади доктори специјализанти кои секојдневно се на првата борбена линија со КОВИД 19.

Бараме покачување на платата на младите доктори и специјализанти во сите установи во кои се ангажирани за 100%, пензиско и здравствено осигурување за СИТЕ приватни специјализанти, бидејќи најголем дел од нив немаат никакво здравствено осигурување, а се ангажирани во КОВИД центрите и соодветно домување за сите кои немаат каде да престојуваат, а се распоредени во КОВИД центри надвор од нивното место на живеење.

Младите лекари се искористуваат и злоупотребуваат како никаде во светот! Време е тоа да прекине! Специјализантите заслужуваат достоинствена плата и награда“, изјави Марија Пејовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче