Два земјотреси регистрирани кај Гостивар

Од:

Уште два земјотреси беа регистрирани денеска во близина на Гостивар.

Првиот со јачина 3.8 беше регистриран околу 12 часот попладне, на 18 километри југозападно од Гостивар, а вториот околу 13 часот и 25 минути, 3.6 степени според Рихтер, исто така со епицентар во гостиварското подрачје, односно на 16 километри југозападно од градот.

Рано утрово, во 04 часот и 54 минути, земјотрес со магнитуда од пет степени беше регистриран во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 50 километри југозападно од Скопје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски