ВМРО-ДПМНЕ: Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви, оставката е веќе премал чекор, во прашање е кривична одговорност

Од:

„Грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви, оставката е веќе премал чекор, во прашање е кривична одговорност. Неспособноста на Венко Филипче во последното деноноќие закопа 30 граѓани.

Филипче и Заев завија во црнина 30 семејства. Се гледа дека на Филипче му оди со црни рекорди! Неспособниот Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособниот Филипче наоѓа време само за свои бизниси и тендери и за луѓе од власта. Филипче го уништи здравствениот систем.

Поради тоа што јавните здравствени установи не се подготвени за справување со последиците од корона кризата, поради тоа што пациенти умираат по пат до болница или во болнички ходници, поради тоа што нема лекови, поради тоа што медицинскиот персонал е исцрпен, а и незадоволен Филипче треба да замине од функцијата министер за здравство.

Поради сето ова, поради сите фамилии завиени во црно Филипче треба да си даде оставка која во вакви услови е премал чекори. Секој кој ќе го загрози здравјето на граѓаните треба и кривично да одговора“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче