Струмица домаќин на републичките детски средби „Цвеќе 2013“

Од:

Општина Струмица денеска по 23 пат беше домаќин на републичките детски средби „Цвеќе“. Околу 100 деца од целата држава во Домот на АРМ и на платото пред него, правеа икебани и цртаа на тема цвеќе.

-Во Република Македонија и во Струмица се одржуваат многу натпревари од сите наставни области во основното и средното образование, но овие натпревари имаат една специфичност што кај учениците го градат она што е естетска вредност, култура, она што е уметнички израз кај ученикот, што во животот е многу потребно покрај стекнувањето со дипломата. Исто така, преку изработката на икебаните и цртежите децата го градат култот кон цвеќето, што е голема работа. Ние во таа насока се трудиме што повеќе децата да ги вклучиме во овие натпревари со што не само што ќе го градат чувството кон цвеќето и убавината, туку и чувството кон здравата животна средина, затоа што цвеќето е дел од здравата животна околина, рече Соња Чурлинова раководител на одделението за образование при општина Струмица.

cveke (2)

Организатор на овие средби е домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“, а се одржуваат под покровителство на Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал