(ВИДЕО) Попова: Шилегов одби да се пренаменат парите за украсување за борба против Ковид-19

Од:

„Дрско и неодговорно е расипништвото на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој во период на најголема светска здравствена и економска криза троши 200 илјади евра за сијалички, лампиони и останати реквизити за новогодишно украсување. Шилегов има пари за лампиони, но болниците немаат возила за итна медицинска помош. Шилегов троши 200 илјади евра за сијалички и украси, а учениците немаат компјутери за да следат он-лајн настава.

Градот се расфрла со пари, додека луѓе секојдневно умираат молејќи за донаторска помош, бидејќи државното здравство е во распаѓање. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во градот Скопје поднесе иницијатива за пренамена на средствата за украсување на градот. Еве го тој предлог, кој Шилегов и мнозинството на СДСМ го отфрлија“, рече Ирена Попова, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Тие отфрлија да помогнат во корона кризата, за Шилегов да тера забави и украсување за Нова година, што е врв на недомаќинско и раскалашено однесување. Со овие пари ќе се спасеа животи.

Затоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот апелира градоначалникот Шилегов да изнајде правен механизам и овие средства наместо за украсување да се искористат за помош во борбата против корона кризата.

Tоа што за само три години од страна на Петре Шилегов се потрошени 740 илјади евра за украсување и фактот што градоначалникот останува нем на нашите повици за пренамена на овогодинешните средства, укажува на тоа дека постои оправдан сомнеж за заштита на одредени бизнис интереси. Очигледно и украсувањето за Шилегов е бизнис. На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер“, изјави Ирена Попова, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски