(ВИДЕО) Арсовски: Што содржи нон пејперот?

Од:

„Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ. Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин.

Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори.

Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата? Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?

Меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско. Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада.

Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата.

За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат.

Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски