Честитка од претседателот Иванов за Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

– Светите Кирил и Методиј со своето дело вечно ги задолжија сите словенски народи и, воопшто, европската и светската култура и цивилизација. Она за што тие се залагаа и напорно работеа, уште во средниот век – рамноправност на јазиците и народите и еднаков пристап до образованието и науката, за сите се основни постулати врз кои денес почива меѓународниот поредок и човечката цивилизација, пишува претседателот Иванов.

– И оваа година македонската држава, оддавајќи почит и славејќи го великото дело на свети Кирил и Методиј, ја промовира и афирмира културната и јазична разноличност, образованието и науката, духовноста и етичноста. Животописот на светите браќа сведочи за големината на човековата верба и истрајност, за непобедливоста на правичноста и нескршливоста на човечкиот дух. Нивниот светол пример и натаму нека ни биде поткрепа да истраеме во зачувувањето на нашиот национален, јазичен и културен идентитет, стои во честитката на Иванов по повод Денот на сесловенските просветители.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак