Кога првата генерација на RAV4 беше претставена на саемот за автомобили во Женева во 1994 година, малкумина можеа да предвидат како овој храбар нов концепт на возило ќе го промени пазарот на автомобили. RAV4 беше оригинален, претставувајќи една нова ера на возилата со погон на четири тркала.
Креаторот на SUV сегментот- RAV4 беше револуционерен од секој аспект, преку понуда на технички напредни решенија, воведувајќи нови платформи за возила, развивајќи интелигентни системи за погон на сите тркала, како и со претставувањето на новата целосна хибридна технологија во SUV сегментот. Како прв целосен хибрид во својот сегмент, RAV4 ја зајакна привлечноста кон купувачите со ниската потрошувачка на гориво, како и ниската емисја на штетни гасови, а при тоа не штедејќи на моќните перформанси.
RAV4 денес.
Сегашната, петта генерација на RAV4 беше лансирана во Европа во 2019 година – главно како хибриден модел на пазарите во Европа. Дизајнерскиот тим на Toyota создаде модерен и моќен дизајн на SUV пионерот, а со тоа го привлече вниманието на купувачите ширум светот. Супериорна технологија, удобност во возењето и пространата внатрешност се само дел од епитетите кои гордо ги покажува овој предводник.
RAV4 во Февруари оваа година ја надмина бројката од 10 милиони продадени возила во светот, опфаќајќи пет генерации на возилото од 1994 година па до денес.
Оваа година првиот SUV во светот ќе означи уште една важна еволуција на моделот со започнувањето на производство на новиот RAV4 Plug-in Hybrid ( 306 Кс, забрзување 0-100Км/ч- 10 секунди), нудејќи им на купувачите уште поголем потенцијал во возењето на струја.
Квалитетите на најновата генерација на RAV4 се потврдија и во нашата земја со доделување на две значајни признанија во оваа година: наградата за “SUV на годината”, доделена од страна на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, како и признанието за „Најпосакуван електрифициран автомобил” доделено од страна на Националниот избор за најпосакуван автомобил во нашата земја.
Овие признанија се уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а сеуште не ја донеле својата одлука на избор.
ПР Текст