Градовите во јужна Флорида се погодени од тропската бура Ета, а една од најпогодените урбани области е Форт Лодердејл. Многу домови беа поплавени, а водата не се повлекуваше со часови.
Како што пренесуваат американските медиуми, тропската бура Ета вчера стигна до јужните острови на Флорида во САД, откако помина низ Централна Америка и Мексико, каде зад себе остави десетици жртви и над 100 исчезнати.
Властите на Флорида ги затворија плажите, местата за тестирање за Ковид-19, го запреа сообраќајот и ги повикаа луѓето да не излегуваат на улиците.
Ета имаше максимална брзина на ветерот од 100 километри на час. Се движеше запад-северозапад со брзина од 22 километри на час.