Харадинај: Косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на обвинението против лидерите на ОВК во Хаг

Од:

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај рече дека косовските институции не смеат да бидат рамнодушни на фактот дека е покренато обвинение против лидерите на ОВК во Хаг, пренесува Репортери.

Тој го критикуваше коалицискиот партнер, актуелниот премиер Авдулах Хоти, велејќи дека не треба да држи предавања за тоа дали да се меша во правдата, туку треба да ја „факторизира позицијата на Косово по неодамнешните настани“.

Во однос на прашањето на претседателот, Харадинај повторно стави до знаење дека ако не се постигне единство во политичките партии по ова прашање, Косово ќе излезе на избори.

– ДСК и ние пристапивме да преземаме одговорности во ова тешко време. Ако има разбирање од другите, не само од владејачките партнери, туку и од Самоопределување или ДПК, ако не, тогаш одиме на избори, рече Харадинај, пренесува Косово онлајн.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина