„Почитувани, само што го добив позитивниот тест на Ковид-19, момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус,“ напиша вечерва на својата Фејбук-страница градоначалникот на општин Вевчани, Сашо Јанкоски.
„Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чуство за мирис. Чувајте се, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје,“ додаде Јанкоски во пораката на Фејсбук.