Црногорскиот здравствен систем пред колапс, во моментов заразени еден отсто од населението

Од:

Црна Гора е на високо ниво на трансмисија на коронавирусот, што може да го загрози целиот здравствен систем за неколку дена, нагласи денеска водечкиот црногорски епидемиолог Бобан Мугоша, најавувајќи рекордни 803 случаи на инфекција и пет смртни случаи поврзани со Ковид-19

Во Црна Гора, 7.177 лица, или еден процент од црногорското население, во моментов се заразени со коронавирусот. Статистички гледано, станува збор за 1139 активни случаи на 100 илјади жители. Со денешните пет смртни случаи, бројот на жртви на коронавирус е 342.

Седумнаесет заразени кои се хоспитализирани се во критична здравствена состојба.

– Нашата состојба е многу комплицирана, предизвикувачка, тешка, бидејќи нивото на локално пренесување е многу високо, рече Мугоша, истакнувајќи дека епидемиолошките мерки не биле почитувани за време на викендот и дека голем број деца биле видени на игралишта додека се одржувале и литургии во некои цркви.

– Да не го тестираме здравствениот систем. Луѓето се уморни, работат со нон-стоп со месеци. Треба да го имаме тоа на ум. Успеавме болниците да не се пренатрупани, да има кој да пружи помош …повторно апелирам да ги почитувате мерките и да се почитувате себе си и другите. Само на овој начин можеме да спречиме понатамошно ширење на инфекцијата, рече Мугоша.

Здравствените власти на Црна Гора одлучија да воведат полициски час во Подгорица и Цетиње вечерва од 22 до 05 часот, додека сите угостителски објекти во тие градови беа затворени во саботата, а училиштата се префрлија на часови преку интернет.

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски