УНИЦЕФ: 137 милиони деца во Латинска Америка сè уште не ја почнале учебната година

Од:

Децата во Латинска Америка изгубиле четирипати повеќе образовни денови поради пандемијата на коронавирусот отколку учениците во остатокот од светот, се вели во денеска објавениот извештај на УНИЦЕФ.

Според студијата на таа организација на ООН, повеќе од 137 милиони ученици во Латинска Америка сè уште не се вратиле на училиште, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Иако училиштата постепено повторно се отвораат во повеќе делови во светот, повеќето училници низ Латинска Америка се уште се затворени, се вели во извештајот.

Повеќе од една третина од земјите од Латинска Америка и Карибите сè уште немаат одредено датум за повторно отворање на училиштата.

Евидентирани се повеќе од 11,6 милиони случаи на коронавирус во Латинска Америка и над 400 000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Русија им ветува помош на земјите од Латинска Америка за да им се спротивстават на САД

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства