Трамп го разреши Марк Еспер, нов секретар за одбрана е Кристофер Милер

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека го разрешил Марк Еспер од функцијата секретар за одбрана.

Трамп на Твитер напиша дека „високопочитуваниот“ Кристофер Милер, директор на Националниот центар за антитероризам, ќе биде вршител на должноста секретар за одбрана, како и дека Марк Еспер е „прекинат“, по што му се заблагодари за досегашната служба.

Потегот на Трамп доаѓа во момент кога тој обвинува дека изборите за претседател, на кои победата ја однесе неговиот против кандидат Џо Бајден, се наместени. Трамп најави долготрајна правна битка, додека можноста тој да ја вмеша војската во решавањето на исходот од изборите беше тема за која дебатираа аналитичарите во САД.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври