Американскиот претседател, Доналд Трамп, загуби на претседателските избори поради својата прекумерна агресија и ароганција, смета поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
-Мислам дека тој беше поразен на овие избори и поради својот став, многу често премногу агресивен, многу често премногу арогантен“, изјави Берлускони за РАИ.
Берлускони, како што наведува Хина, оценува дека намерата на избраниот претседател Џо Бајден да биде претседател на сите Американци, може „да биде добра за сите“.