ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да понесе одговорност за сите задоцнети реакции и за сите изгубени животи

Од:

Шверцерското ноќно објавување на бројот на починати и новозаразени нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев Филипче – порачува ВМРО ДПМНЕ. Опзоциската партија во соопштение вели дека поради неспособноста на министерот Филипче, Македонија секој ден губи десетина граѓани.

„Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе.

Филипче треба да си даде оставка порадо тоа што:

– Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходнкците молњјќи за помош или на пат кон болниците.

– Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите.

– Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.

– Тестирањето на КОВИД заразените се претвори во милионаки бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно.

Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи.

Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе.

А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни?!

Или пак да не тераше кампања со Заев летото и да си ја работеше работата можеби сега ќе имавме доволно болнички капацитети и медицински персонал. Но тој се стави во позиција на политичар, а не на лекар.

И додека Филипче е политичар во обид Македонија губи. Македонија нема повеќе животи за губење. Филипче или Живот. Оставка веднаш!“ – стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Кој и зошто му го даде на Филипче тендерот за модуларната?

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи

Горан Наумовски

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ