Според последните инфoрмации во изминатото деноноќие во Србија има 2677 новозаразени со коронавирусот, инфоромираат здравствените власти. Девет лица починале во последните 24 часа. Направени се вкупно 11.192 тестови.
Се поголем проблем во Србија станува бројката на лица кои се приклучени на респиратор. Во моментов во болниците во државата на респиратори се приклучени 77 пациенти.