Напаѓачот на Рома, Един Џеко објави дека е позитивен на Ковид-19. Ова се случи по последните анализи дадени од играчите на италијанскиот калчолигаш.
„Јас сум позитивен на Ковид-19 и мора да почитувам период на карантин. Сакам да ги уверам сите што ме познаваат дека за среќа немам никакви симптоми. Ќе бидам одделен од соиграчите неколку дена, но ќе бидам психички со нив“, објави Џеко.
Тој ќе го пропушти натпреварот на Рома против Џенова, а потоа и натпреварите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.