Јанушев: Трет ден не добиваме образложение зошто Кацарска е добар предлог за судија во Уставен суд

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на третиот ден од собраниската дебата за предлогот за уставен судија да биде избрана Добрила Кацарска укажа дека пратениците и јавноста никако не добиваат одговор зошто токму таа е предложена за таа функција во институција која е чувар на уставноста и законитоста.

„Зошто токму Добрила Кацарска заслужува да биде избрана за уставен судија? На ова прашање ниту ние како пратеници, ниту јавноста не доби одговор. Зошто Киро Здравев, прв човек на Републичкиот судски совет не дава ниту образложение, ниту информации за кандидатот. Господине Здравев вие одговарате во Собрание зошто во Собрание сте избран за таа функција. Се надевам дека грешам, но ќе кажам не очекувам да не удостоите со одговор, со информации и образоложение за предлогот за Кацарска“, рече Јанушев.

И да напоменам, рече Јанушев, Киро Здравев е избран за Апелацискиот суд во Штип во време на СДСМ, за судија во Врховен суд избран кога на власт е СДСМ.

Јанушев укажа дека „сите до еден судии во Републички судски совет се именувани за судии и дошле до функции и вработувања кога на власт е СДСМ“.

„Затоа не може да ми зборувате за немашање на политиката во судството, не слушнав ниту еден аргумент зошто е Добрила Кацарска е добар предлог а уставен судија“, кажа Јанушев.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители