Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави, во врска со обвиненијата од Специјалниот суд, дека Косово, како и многу пати претходно, се соочува со искушенија.
„Неодамнешните настани со кои се потврдуваат обвиненијата, меѓу кои и на претседателот Хашим Тачи, поранешните спикери на парламентот Јакуп Красниќи и Кадри Весељи и пратеникот Реџеп Селими, ја доведоа земјата во искушение“, рече Хоти.
Хоти додаде дека ја цени нивната позиција за соработка со судот во Хаг.
„Ја поздравувам нивната подготвеност, став и институционална култура, што докажува дека Косово верува во правда и се обединува со правдата без никакво двоумење. Како премиер и како граѓанин, да ги разгледаме нашите напори за постигнување на слободата што ја уживаме, а во 98 -99 година, светот виде геноцид врз народот на Косово“, рече Хоти.