МОН: Стручните служби во училиштата важни за зачувување на менталното здравје на учениците

Од:

Министерството за образование и наука продолжува да ги јакне стручните служби во средните училишта, кои освен што се важни за обезбедување квалитетен воспитно-образовен процес, треба да бидат и поддршка во зачувувањето на менталното здравје на учениците.

Од МОН ја нагласуваат важноста преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата која што е стожер во процесот на планирање, организација и спроведување на воспитно-образовниот процес.

На вебинар наменет за стручни соработници од средните училишта беа презентирани протоколите за работа во услови на пандемија. Министерката Мила Царовска посочи дека психолозите, педагозите и другите стручни соработници се важни во образовнието, не само во време на пандемија, туку воопшто низ целиот едукативен процес.

-Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на јакнење на оваа значајна служба, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски