Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот и за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на РКЕ, литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 82 денари, а еуросупер БС-98 за 84 денари.
Новата цена на еуродизел е 72 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за денар и ќе чини 60,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 45,86 денари за килограм.