ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните, бројот на починати достигна 1.084

Од:

„Венко Филипче и Зоран Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните. Во последното деноноќие починаа 13 лица, а рекорни 1.275 лица се заразени. Македонија со Филипче и Заев е црн рекордер во регионот и пошироко по број на заразени, со 12.762 активни случаи и 1.084 починати од корона вирисот. Тие не се обична бројка која Филипче како статистичар ќе ја објави. Тоа се нечии родители, деца, браќа, сестри, роднини или пријатели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните умираат од корона вирусот, министрите се тестираат бесплатно и приоритетно и добиваат екстра терапии за кои обичните смртници може само да сонуваат. Во реалноста граѓаните со денови чекаат за тестирање, човек починал чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добивал инфузија во дворот на болницата, секој ден слушаме за апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега.

Филипче ќе остане запишан со црни букви во македонското здравство. Филипче покажува апсолутна неспособност да менаџира со кризата и невидена ароганција кон јавноста.

Веќе не е една или две, туку 1.084 причини за оставка на Филипче“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски