ВИДЕО: Водител ѝ кажа во лице на Брнабиќ дека ја сметаат за „фикус“

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, гостуваше во утринската програма на Прва телевизија, каде најпрвин ги коментираше изборите во САД, а потоа доби неочекувано прашање и квалификација од водителот.

Тој потсети дека Брнабиќ излезе да го соопшти составот на својот нов кабинет заедно со претседателот на државата и нејзин партиски лидер, па поради тоа „многумина велеле, ‘Ана е само еден обичен фикус, сето тоа го договарал Вучиќ’“.

По ова, водителот ја праша Брнабиќ колку всушност таа има влијание покрај „силна политичка фигура каква што е Вучиќ“.

„Неколку работи. Прво, заедно ја состававме Владата, како што мислам и дека е нормално, бидејќи претседателот Александар Вучиќ е и претседател на Напредната странка, која го доби мнозинството во Парламентот. Така што, заеднички ја состававме и не се срамам тоа да го кажам,“ одговори Брнабиќ и додаде:

„Имаме политичар од светски ранг, со кого јас би се советувала, би го послушала и би ме интересирало неговото мислење, дури и кога не би бил претседател. Навистина мислам дека треба да се гордееме со таков човек,“ рече премиерката.

„Притоа, јас немам проблем со суетата, луѓето да ме викаат и фикус и ваква и онаква, се додека Србија напредува, додека нашите плати и пензии континуирано растат и невработеноста во Србија опаѓа, и кога ние како земја сме победници, па дури и во економијата. Така што, не ми пречи, работа ми е да работам во интересот на граѓаните на Србија, како и да ме викаат некои, важно е само ние да напредуваме,“ додадед Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија