Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Бабунски ги надмина проблемите со Covid-19 и се врати на тренинзите на романскиот прволигаш Ботошани. Тој беше позитивен на коронавирус по што замина во задолжителен карантин, а сега повторно може да тренира со соиграчите откако ја надмина болеста.
Бабунски доби дополнителен повик од селекторот Игор Ангеловски за да се приклучи на националниот тим за мечот против Грузија во Лигата на нации, но не можеше да одговори токму поради проблемите со коронавирусот.