Гулаб вреден 310 илјади евра

Од:

Кинез платил рекордна сума од 310.000 евра за белгиски гулаб што е најголема во светот за овој вид на птици.

Ова се случило за време на аукција која се оддржала за време на викендот, на која исто така бил покажан зголемениот интерес на Азијците кон ретки птици кои се дел од натпревари и изложби.

Едногодишниот гулаб „Молња“ веќе има освојувано многу награди. Тој беше во сопственост на познатиот белгиски финансиер и страствен обожавател на овие птици Лео Хереманс.

Белгиецот е веќе во изминати години и поради тоа најави дека повеќе неможе да вози секој ден од 60 до 100 километри заедно со птиците. Но и поради тоа што се почесто престојувал во болница, немало кој да се грижи за неговите љубимци.

Па затоа тој се одлучил да ја продаде целата колекција од 530 птици која му донесе заработка од околу 4.3 милиони евра.

Според Хереманс новиот сопственик ќе може барем уште 8 години да го користи „Молња” за размножување.

Аукцијата привлече интерес на кандидати од 27 држави, но девет од десетте најскапи гулаби беа купени од Кинзи или Тајванци.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ