Еден филипински средношколец го привлече вниманието на тамошните медиуми со своето необично име, кое вклучува 40 лични имиња и презиме.
За приказната се заинтересираа медиумите кога тоа 15-годишно момче се запиша во средното училиште во градот Пангасинан, јави „Филипин Дејли Инкуајерер“.
Ако некого го интересира, момчето се вика Ратцел Тимшел Исмаил Зерубабел Забуд Зимри Пике Блаватски Фило Џудеус Полидорус Исуренос Мораја Нилгара Ракоцки Кутуми Кришнамурти Ашрам Џерам Акаша Аум Ултимус Руфинорум Јанкси Јанко Дајмонд Ху Цив Зеин Зек Вокмен Ваи Му Телетаи Чохкмах Насетра Мерчавах Нигел Севн Морнингстар А. Сан Хуан CCCII.
Иницијалот А е за Агустин, презимето на неговата мајка.
Неговиот постар брат Рамуел (21) и сестрата Рамиле (25) имаат секој по 20 имиња.
Неговиот татко, Руфино Рамил Сан Хуан Петти, вели дека ја почнал традицијата на километарски имиња со најстарото дете за да и даде лекција на филипнската Влада за флексибилност.
– Кога ми се роди првото дете не бев среќен со државната администрација која е целосно без фантазија. Изводот на родени имаше предвидено многу кратко место на кое требаше да го напишам името на ќерката. Прашав – Што ако одлучам да и дадам подолго име?“. И добив одговор, – Не можете да го направите тоа“, раскажува таткото.
– Затоа одлучив да го направ тоа иако сопругата имаше одредени забележки, додаде тој.
Уште две деца и 25 години подоцна, Сан Хуан и понатаму ги нервира владините службеници секогаш кога треба да се менува некој од документите на децата .
Меѓу 40 имиња кои му ги дал на синот се наоѓа и Јанко, но не е познато како дошол до него.