(ВИДЕО) Митева: Додека граѓаните немаат можност да закажат термин за тестирање, претставници на власта се тестираат бесплатно и преку ред

Од:

„Сведоци сме на се полоши дневни, неделни и месечни статистики. Повеќе од 5.000 позитивни лица има само во главниот град. Епидемиолошката крива непречено расте во нагорна линија. Додека трае забавата на социјалните мрежи, извештајот на Институтот за јавно здравје бележи рапиден раст во секој поглед.

Но, додека едни немаат можност да закажат термин за тестирање, а други се лекуваат во дворовите на клиничките болници, почитуваните претставници на власта се тестираат бесплатно и преку ред. Велат, виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи и ова се прави заради заштита на функционирањето на државните институции. Па барем нешто навистина да функционираше“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Гледаме наплата на донирани тестови, па поврат на средствата. Ако поминеше незабележано можеби сите 13.000 донирани тестови ќе ги наплаќавте. Таков е начинот на кој функционирате, со купи ден продај политика или по ново, постирај па избриши.

Веднаш по добивање на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на КОВИД-19, од СЕП велат дека Димитров сепак ќе изврши редовно превентивно тестирање. Па прашуваме, дали повторно неговиот тест ќе биде приоритет во однос на сите нас?

Ќе успееш ли Венко да им закажеш термин и покрај поплавата во Центарот за јавно здравје? Или да очекуваме уште некое лошо видео, за кое ќе праќаш одговори преку МЗ? Еве ќе те советуваме, министер одговара со аргументи и факти, а одговори проследени со пародии се доказ дека немаш ниту факти, ниту аргументи за целокупниот хаос.

КОВИД-19 покажа дека онаму каде што не постои политичка волја, не постои начин за справување со кризата. Но нема да престанеме да апелираме да воведете бесплатно тестирање за здравствените и просветните работници и да ги ослободите од работа хронично болните.

А, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, затоа повторуваме – Венко, поднеси си оставка!“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски