Османи: Соседите да бидат мотор, а не кочница на нашата евроинтеграција

Од:

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на видео конференцијата посветена за Западен Балкан по 2020 година – акции и одлуки во време на пандемија.

– Ги повикувам нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што започна, истакна Османи, кој имаше воведно обраќње на панелот посветен на процесот на пристапување во ЕУ и за политичката, економската и социјалната трансформација на регионот.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, во своето излагање Османи, говореше за заложбите на нашата земја во евроинтегративниот процес, како и за нашите очекувања за навремено усвојување на Преговарачката рамка, при тоа раководејќи се од принципите на новата методологија во преговарачкиот процес.

– Земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство – географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија. Перспективата за членство во ЕУ е мобилизирачки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и движечка сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат, потенцираше Османи.

Настанот беше организиран од Европскиот либерален форум, поддржан од Фондацијата за либералана интеграција и кофинансиран од Европскиот парламент. Конференцијата ја отвори и со нема модерираше пратеникот во Европскиот парламент и известителот за Република Северна Македониа, Илхан Кјучук, а свое обраќање на собирот имаше и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија