Француските власти спроведуваат 187 истраги по убиството на Самуел Пати

Од:

Француските власти спроведуваат 187 истраги за дела поврзани со терористичка пропаганда, закани и провокации во врска со убиството на учителот Самуел Пати, информира француското државно радио Франс енфо.

По убиството на Пати, Интернет-платформата Фарос, наменета за собирање информации за радикални содржини, добила околу 2.000 предупредувања. Преку истата платформа претходно беа објавени податоци за видео снимка објавена на социјалните мрежи од таткото на ученичка од училиштето во Конфлан Сент Онорин, кој сериозно го критикува наставникот кој подоцна беше убиен поради прикажување карикатури на пророкот Мухамед.

Видеото содржи и информации за името на наставникот и во кое училиште предава. Овие податоци беа масовно распространети на социјалните мрежи и станаа достапни за радикалните исламистички кругови. Според истражителите, ова играло многу важна улога во убиството на Самуел Пати, кого го обезглави 18-годишен Чеченец.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата