Макрон: Франција се бори со исламски екстремизам, а не со ислам

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата земја се бори против „исламскиот сепаратизам, никогаш против исламот“ со што одговори на написот во „Фајненшл тајмс“ во кој беше цитиран неправилно.

Во писмо до редакцијата, Макрон истакна дека британскиот весник го обвинува за „стигматизација на француските муслимани за изборни цели и поттикнување на клима на страв и сомневање кон нив“.

„Јас нема да дозволам никој да тврди дека Франција или нејзината влада поттикнува расизам против муслиманите“, нагласува тој.

Во статијата на дописникот на „Фајненшл тајмс“ пишуваше дека осудата на „исламскиот сепаратизам“ носи ризик од поттикнување на „непријателско опкружување“ против француските муслимани.

Тој напис подоцна беше отстранет од веб-страницата на весникот и беше заменет со објаснување дека „содржи фактички грешки“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата