Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден освои најмногу гласови на претседателски избори во американската историја. Бајден го урна претходниот рекорд кој му припаѓаше на Барак Обама, со тоа што освои 69,4 милиони гласа.
Рекордот на Обама, поставен во 2008 година, изнесуваше 1.7 милиони помалку, а за него гласот го дадоа 67,7 милиони Американци.
Причина за историското достигнување на Бајден е големиот одѕив на овие претседателски избори. Се очекува бројката на излезност да биде најголема во последниов век.