Младеновски: Крива Паланка мора да добие нова сила

Од:

Крива Паланка мора да добие нова сила, град кој што нема да биде крај на светот, туку ќе го добие своето заслужено место, рече кандидатот за градоначаклник на СДСМ, за Крива Паланка, Горан Младеновски.

Вети целосна гасификација на Крива Паланка како евтин енергенс и решавње на сите комунални проблеми на граѓаните.

Прес-конференцијата се одржа пред главниот гасовод кај селото Жидилово, чија изградба е отпочната 1993-та година. Се што е направено со гасификацијата во Македонија, рече Бранко Црвенковски е направено во времето на сдсм, а сега, рече, владата се разбуди, но сепак тоа е добро и за поздравување.

Црвенковски потсети и на пругата кон Бугарија, еден од најкритикуваните проекти од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Цело време, вели, ВМРО-ДПМНЕ не прашува, зошто пругата кон Бугарија почнала и не се изградила. 1993 година, потсети, беше година кога не бевме признаени од европската заедница, на сила беше Лисабонската декларација, а Грција херметички ја затвори јужната граница, за да ја турне Македонија на колена и да прифати се што ќе услови Грција.

„Немавме гориво ни за полиција ни за амбулантни возила, затоа решивме да вложиме 1/3 од девизните резерви, а тоа се 100 милиони евра за почеток на изградба на пругата. Одлуката беше политичка, за да ја добиеме политичката и безбедностната битка. Прашање е зошто по 1998 година, по доаѓањето на власт, ВМРО-ДПМНЕ не направи буквално ништо за да ја заврши пругата“, изјави Бранко Црвенковски.

Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски