Турција: Франција ќе се соочи со „силен одговор“ на забраната на турската група „Сиви волци“

Од:

По одлуката на француската Влада за распуштање на ултранационалистичката група „Сиви волци“, Турција предупреди дека „цврсто ќе одговори“ на распуштањето, нарекувајќи ја одлуката „провокација“.

„Нагласуваме дека е потребно да се заштити слободата на изразување и собирање на Турците во Франција (…) и дека ќе одговориме на најсилен начин на оваа одлука“, објави турското Министерство за надворешни работи во соопштението за печатот.

Односите на Париз и Анкара се многу влошени во последните неколку месеци, поради повеќе отворени кризни прашања: Либија, испитувањата за природен гас во Источниот дел од Медитеранот, судирот во Нагорни Карабах, карикатурите со Мухамед, што ја наведе Франција на кратко да го повлече својот амбасадор од Турција по навредите од турскиот претседател Ердоган на сметка на францускиот претседател Макрон.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата