Османи на 130 сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше обраќање на тема „Ефективен одговор на кризата во јавното здравство со целосно почитување на демократијата, владеењето на правото и човековите права” на видео- конференцијата на сесијата на Комитетот на министри на Советот на Европа со кој претседава Република Грција, а која се одржува денес по повод 70 годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права.

„Советот на Европа има значајна улога во помагањето на земјите- членки ефикасно да одговорат на кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, притоа осигурувајќи дека преземените мерки не ја поткопуваат заедничката заложба за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото“, истакна Османи.

„Советот на Европа продолжува да ја поддржува Северна Македонија особено во контекст на подготовките за преговорите за членство во Европската унија и во таа насока од особено значење се преземените активности како важен дел од стратешкиот триаголник на Советот на Европа: поставување на стандарди -мониторинг- соработка, додека Владата на Северна Македонија е силно определена за целосно почитување на вредностите и принципите на Советот на Европа кои претставуваат патоказ за нашата земја за целосно интегрирање во Европската Унија“, потенцираше Османи во своето обраќање.

Инаку, по претседавaњето на Грција, шестмесечното претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа го презема Сојузна Република Германија кое ќе трае до средината на мај 2021 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија