Со донација од 30.000 евра од проектот реализиран од Пелагонискиот регион, прилепската противпожарна единица е целосно опремена со нова заштитна опрема. Опремени се со нови 21 комплет на противпожарни заштитни костими, кои ги задоволуваат стандардите на ЕУ,а притоа се од голема важност за територијалната противпожарна единица.
Во тек е реконструкција и адаптација на објектот на ТППЕ во старото Индустриско училиште.Од противпожарната единица посочуваат дека со тоа ќе се подобрат условите за работа,а, воедно, ќе имаат поголем простор за изведување на вежбите.
Единицата има недостиг на кадри.Според стандардите на регионот што го покриваат, треба да има 52 вработени,а моментално има 34 вработени.Од единицата изјавуваат дека успеваат со максимален професионализам да одговорат на предизвиците.