Марадона успешно опериран: Отстранет хематомот од мозокот

Од:

Диего Марадона имаше успешна операција и неговиот живот е спасен. Легендарниот фудбалер е во стабилна состојба по хируршкиот зафат кој траел речиси два часа. Отстранет е хематомот од мозокот, Марадона се чувствува добро и е во контактибилна состојба.

Операцијата мина во најдобар ред. Хематомот од мозокот е успешно отстранет. Марадона е разбуден и тоа е голем чекор напред во процесот на рехабилитацијата. Во наредните неколку дена ќе остане секако под лекарски надзор, а потоа доколку се биде в ред ќе замине на домашна нега“, изјави неврохирургот Луке кој ја изврши операцијата.

Ќерката Далма се заблагодари за поддршката што ја добија Марадона и семејството во овие тешки мигови.

Сакам да се заблагодарам на сите за големата поддршка и љубовта која му ја давате на мојот татко. Ви благодарам на сите кои се молите за него“, истакна Далма.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он