Легендарниот Диего Марадона е префрлен на итна операција на отстранување на тромб во мозокот, јавуваат светските агенции.
Марадона во текот на денот бил пренесен во клиниката „Оливос“ во Ла Плата. Делувал дезориентирано и побарал лекарска помош. По деталните лекарски прегледи е утврдено дека Марадона има голем хематом на левата страна од мозокот и ќе мора веднаш да биде опериран.
Според извори од Аргентина, операцијата била закажана за околу полноќ по средноевропско време, а ќе го оперира најдобриот неврохирург во клиниката, д-р Луке.
Голем број фанови на Марадона и на Гимназија Ла Плата веќе се собираат пред клиниката за да му дадат поддршка на легендарниот фудбалер во неговата животна битка.