Собранието вечерва ја заврши расправата по ребалансот на буџетот, а гласањето треба да се реализира по 30-минутна пауза, дадена откако настана недоразбирање помеѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Собранието Талат Џафери за побарано процедурално.
Мицевски, на кој претседателот на Собранието му го одзеде процедуралното, затоа што, како што рече немаше врска со процедуралното, не сакаше да ја напушти говорницата. Пред говорницата на Џафери се придружија и други пратеници, а тој ги замоли сите да се вратат на своите места и да седнат.
-Немојте да замислите ситуација во која ќе повторите некои работи што се случија овде. Се однесува на сите што се обидуваат да ја заземат говорницата и на сите што се заканувате. Не си играјте. Имате Деловник и членови кои пропишуваат. Мене ме избравте со „за“ и против да седам на ова место и да ја водам оваа куќа. Најпотребно што беше спроведовме и договарање и преговарање и составување и динамика, до кога, како, да завршиме со буџетот од аспект на она што е потребата на ребалансот. Пет дена ве слушам и затоа извлеков статистика моја од која 53 пратеници говореле и имајќи предвид дека сме во вонредни услови и водев сметка да биде 1 спрема 1 опозиција власт и да не се почувствува никој запоставен и испадна дека говореле 28 од опозиција и 25 од власт, со исклучок на минситерот. без репликите. Имавме договор дека денес ќе завршиме и сега многу јасно на координација и докоординација, прекоординација прашав, има ли потреба мнозинството да обезбеди мнозинство и сите се согласивте дека нема потреба, бидејќи се работи за буџет. На завршни зборови излегуваме сите надвор за да покажеме дека мнозинството нема мнозинство. Нема мнозиснтво. Сослушајте ме сите од опозиција – кога има договр или има или ќе кажете од почеток дека нема, рече Џафери, кој потоа му даде процедурално на Мицевски.
Во процедуралното што му беше дозволено истакна дека опозицијата ќе биде присутна во салата но нема да гласа за ребалансот, бидејќи сметаат дека мерките не се добро конципирани и дека се лоши.
-Ќе присуствуваме на седницата во интерес на граѓаните, бидејќи сите очекуваат нешто, интерес на сите граѓани е ова да се донесе. Доколку не е во салата опозицијата нема реално доволен број пратеници да се донесе овој пакет мерки и ребалансот, рече Мицевски.
Во интерес на граѓаните, истакна дека нема да побара пауза од 30 минути и дека се надева дека вечерва ќе биде донесен ребалансот, но претседателот на Собранието даде пауза, повикувајќи се дека координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот побарал.
Согласно деловникот на Собранието, за буџет и ребаланс на буџет се расправа пет дена по што се гласа за предлогот.