Во Челопек осуда на терористичкиот напад во Виена во кој учествуваше момче со потекло од селото

Од:

Веста дека младиот Кујтим Фејзули со потекло од Челопек учествуваше во терористичкиот напад во Виена предизвика вознемиреност во ова тетовско село, со оглед дека речиси сите го познаваат неговото семејство. Со тешко срце и едвај зборуваа со новинарите за нападот и сметаат дека тоа е лоша слика за селото и за земјата.

-Јас не го знам Кујтим, тој е роден во Австрија, но го знам татко му Јусуф. Тој пред многу години замина во Хрватска на работа и таму долго време престојувал, а потоа со семејството отишол во Австрија. Многу добро семејство се. Сега во селото нема никој од нивното семејство. Кујтим, тој што пукал, никогаш не бил во Челопек. Зошто го направил тоа не знам. Тој во декември бил пуштен од затвор во Австрија, па сега слушнавме дека таму имало некоја група, но дали тоа влијаело врз него, навистина не знам. Жал ми е за тие што загинаа таму. Кога утрово прочитав за ова, бев многу загрижен како тоа ќе се одрази на нас овде во селото и уште повеќе на сите оние од Челопек кои живеат во Виена и Австрија, а нив ги има многу. Ова што тој го направил е голем срам, вели кафеанџијата од меаната на сретсело.

Со осуда за чинот зборуваа мештаните на Челопек. Јусуф Бејтулаи рече дека нападот ги погодил и фрлил голем товар врз сите нив во селото.

-Колку што знам јас, целото негово семејство уште од поодамна е иселено во Виена. Како семејство беа многу примерни. Ова сепак е поединечен случај, но нас како жители на Челопек настанот многу нè оптоварува. Сега се плашам дека сите од Челопек кои работат во Австрија ќе имаат многу проблеми. Не само за селото, и за цела Северна Макдонија од ова ќе има негативна рефлексија кога ќе се спомене од каде бил тој. Овој настан сите од селото го осудуваме, изјави Бејтулаи.

Селото е десетина километри од Тетово на падините на Сува Гора. Голем е бројот на луѓе од Челопек кои се иселеници во западноевропските земји. Токму Австрија, Германија и Швајцарија се земјите во кои има челопечани кои се заминати како печалбари.

Дваесетгодишниот Кујтим Фејзулaи беше убиен од полицијата откако претходно учествуваше во нападот во кој загинаа четири лица, а дваесетина беа ранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Алармите за поплави во Виена се активираа, водата веќе ги поплави првите куќи

Терористот од Виена се пофалил со напад на своите пријатели, уапсен е и 18-годишник од Ирак

Еден од уапсените терористи од Виена детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт

Горан Наумовски

Тинејџер од Босна и Херцеговина се заканувал дека ќе разнесе продавници во Виена

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“