Бакрачески во Париз ќе ја презентира проект-кандидатурата „Охрид европски град на културата за 2020 година“

Од:

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески престојува во работна посета на Париз, каде ќе го претстави проектот „Охрид Европски град на културата за 2020 година“.

Во Париз Бакрачески престојува на покана на Филмскиот фестивалот на Југо-источна Европа „СЕЕ а Парис“, што се одржува под покровителство на УНЕСКО.

Предвидено е тој во текот на утрешниот ден да се обрати пред пред аудиториумот при што ќе ги претстави културните и духовните вредности на Охрид, како можен кандидат за добивање на престижното признание за Европски град на културата за 2020 година.

На свеченоста обраќања ќе имаат Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, министерот за култура на Црна Гора Бранислав Миќуновиќ и други угледни личности, додека меѓу гостите на настанот се и градоначалникот на Измир и на Великот Трново, бугарскиот град кој е веќе прогласен за Европски град на културата за 2019 година.

На маргините на настанот се предвидени и средби на Бакрачески со официјални претставници на културниот и политичкиот живот на Париз и Република Франција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид