Словачка викендов тестираше две третини од населението за коронавирус, позитивни околу еден отсто од 3,6 милиони тестови

Од:

Повеќе од 3,6 милиони жители на Словачка се тестирани изминатиот викенд, а резултатите покажале дека 38.359, односно 1,06 отсто, се позитивни на коронавирус, изјави денеска словачкиот премиер Игор Матович.

При тестирањето во Словачка, земја со 5,5 милиони жители, се користени антигенски тестови, кои даваат резултати за 15-30 минути, но се помалку сигурни од стандардните ПЦР-тестови.

Масовното тестирање е извршено со цел да се идентификуваат колку е можно повеќе заболени, за што Владата тврди дека може да помогне да се избегнат строги рестриктивни мерки.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент