Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека дијалогот меѓу Косово и Србија за изнаоѓање конечно решение за споровите на двете држави е „сосема бесмислен“, доколку не резултира со нивно меѓусебно признавање, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во обраќање пред медиумите по омажите по повод годишнината од загинувањето на двајца поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тачи порача дека, доколку во преговорите со посредство на Брисел не се постави на маса признавањето, тој процес е „непотребен, пропаднат и во полза на Србија“.
– Сум нагласил и порано, овој дијалог има само една смисла – доколку предлогот за меѓусебно признавање се постави на маса. Инаку, вака како што се води, тој е сосема бесмислен, целосно непотребен, пропаднат и во полза на Србија, изјави Тачи.