Притвор за едно лице и истрага за силување во Делчево

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело „силување“ од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.

– Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот, па на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија.​

Би можело да ве интересира

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен