Специјалниот претставник на претседателот Трамп за српско-косовското прашање, Ричард Гренел во неделата се сретна со претставници на српската дијаспора во САД во Питсбург од каде рече дека победата на Џо Бајден на изборите на 3 ноември ќе го врати целиот регион во статус кво состојба.
Гренел спомена дека сите се свесни кој е Џо Бајден и што сторил тој за Балканот.
„Ако Бајден победи, нема да има напредок“, рече тој на митингот за поддршка на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.
За време на викендот во САД, беа организирани повеќе митинзи за поддршка на Трамп од српската дијаспора.
Иницијативата „Србите за Трамп 2020“ дадоа силна поддршка во Милвоки, Висконсин и Чикаго.
Претходната недела специјалниот претставник на претседателот на САД се состана и со српската заедница во Висконсин каде присуствуваше на литургија во храмот „Свети Сава“.