Тројца охриѓани каснати од оса завршија во болница

Од:

За само половина час на интерното одделение во Охридската општа болница беа донесени тројца пациенти каснати од оса.

Пациентите според информации на А1 биле примени со повеќе убоди од оса и биле алергични на оса.

Брзата интервенција на дежурниоет медицински персонал на интерното одделение каде недостасуваат и медицински сестри и доктори придонела пациентите да бидат спасени.

Охриѓани велат дека во градот врие од оси и разни други инсекти кои се појавија поради наглото стоплување на времето и ги повикуваат надлежните институции најитно што може да превземат активност за прскање од секаков вид на инсекти.

Директорот на Центарот за Јавно здравје во Охрид, Атанаско Михаилов за локалните медиуми во Охрид изјави дека до крајот овој месец ќе се врши дезинсекција или запрашување против комарци дезинсекцијата.

Тој изјавил дека годинава прскањето ќе се прави со специјални топови, директно во леглата на комарците.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум