Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумов, овие четворица ќе ја бараат довербата на 705-те делегати на Конгресот на СДСМ.
Според партиски информации, не успеа договорот да бидат споени кандидатурите на Заев, Јовановски и Ивановски. Тие требаше да ги усогласат ставовите за заеднички настап, за да може СДСМ по 2.јуни да излезе посплотена и посилна.
На Конгресот одат четворицата, на кои минатата недела им беа верификувани кандидатурите.